Шпагети со сос од домати, морков, тиквичка
Летен, вкусен ручек.
Прво на малку маслиново масло се пропжува сецканиот кромид.
Се додава и лукчето и се додаваат излупените исецкани домати.
Се крчка на тивко се додека сосот не се згусни.
Се зачинува со сол, бибер, малку шеќер, мешавина италијански зачини.
Се додава сецканиот магдонос.
Сега на танки ленти се сецкаат измиеното тикве и морков.
Во загреана вода во која има малку сол се ставаат шпагетите да се варат.
После 2 минути се додаваат стапчињата морков и пред самиот крај, пред 2 минути се додаваат и лентите тиквичка. Се варат заедно.
Се процедуваат заедно сварените шпагети, морков, тиквичка.
За да не се залепат им се става 1 лажица маслиново масло и се промешуваат.
Се сервираат шпагетите на чинија, се става од приготвениот доматен сос, се редат парченца биено сирење и се служат.
Лиценца: Сите права се задржани