Видео рецепт: Густа чорба од тиквичка и морков
Денес ќе готвиме заедно со Надица, готвач член на нашата веб-страница. Надица ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Густа чорба од тиквичка и морков .
Брза домашна чорба со тиквички и морков, со прелив од павлака и јајце. Сервирана со брускети со лук и магдонос.
Подготовка
Чекор 1: На маслиново масло запржете ги тиквичката и морковот. Додадете една рака просо и лажица брашно. Убаво промешајте.
Додадете вода и оставете на тивко да се вари. Зачинете со коцка за супа или мешан зачин, сол и црн бибер.
Чекор 2: Кога зеленчукот ќе се свари, тргнете го садот од оган и додадете ја павлаката со јајцето. Садот не го враќајте на оган.
Чекор 3: Како прилог направете брускети од леб со маслиново масло и потпечете ги на Грил тавата. Додајте им ситно сечкан лук и магдонос, или други зачини.
Чекор 4: Сервирајте ја чорбата со магдонос и сок од лимон по желба.
СОВЕТ: Оваа чорба се прави многу брзо, па може да ја подготвите во секое време, како здрав оброк за целото семејство.