Посна густа манџа
Во тенџере ставете вода ставете го компирот на ситни коцкички, леќата, оризот, морковот на ситни коцкички, кромидот ситно исецкан (може малку да го запржите), ставете ги да се варат. Повремено мешајте бидејќи оризот може да ви запечи на дното.
Кога се сварени состојките(сами ќе си оцените)направете ја запршката. Во тавче ставете малку масло(колку да се покрие дното), кога е малку загреано(ќе проверите-ќе посипете малку брашно(треба да почне да се пржи))ставете го брашното и брзо мешајте да не ви загори. Ставете го пиперот(тавчето да е тргнато од оган) убаво измешајте. Ставете ја запршката во тенџерето и оставете го да повари уште 5мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови