Посна густа манџа
Состојки
- 2 средни компири
- половина чаша од 250 мл. ориз
- половина чаша од 250 мл. леќа
- 1 главица кромид
- 1 помал морков
- зачини сол,вегета,магданос..
- 1 лажица брашно
- 1/2 лажица мелен црвен пипер
Подготовка
Во тенџере ставете вода ставете го компирот на ситни коцкички, леќата, оризот, морковот на ситни коцкички, кромидот ситно исецкан (може малку да го запржите), ставете ги да се варат. Повремено мешајте бидејќи оризот може да ви запечи на дното.
Кога се сварени состојките(сами ќе си оцените)направете ја запршката. Во тавче ставете малку масло(колку да се покрие дното), кога е малку загреано(ќе проверите-ќе посипете малку брашно(треба да почне да се пржи))ставете го брашното и брзо мешајте да не ви загори. Ставете го пиперот(тавчето да е тргнато од оган) убаво измешајте. Ставете ја запршката во тенџерето и оставете го да повари уште 5мин.