Пролетна овошна торта
1 и 4 кора
Белките се матат во цврст снег, жолчките се матат со шеќерот, па им се додаваат оревите, брашното, какаото и пецивото. Целата смеса се промешува со лажица и на крај им се додава снегот од белките.
Се дели смесата на половина и се печат две кори во плех бр 40 на 180 степени околу 20 минути.
2-3 кора
Се матат белките во цврст снег, жолчките се матат со шеќерот, па им се додава прашакот за пудинг, брашното, пецивото и прашакот за сок на растварање. Смесата се дели на пола и се печат две кори во истиот плех на 180 околу 20 минути.
фил 1
Млекото се става да зоврие со шеќерот и во него се варат пудинзите.
Маргаринот се мати со шеќерот во прав и се соединува со оладениот пудинг. Кон филот се капнува две-три капки екстракт од малина .
фил 2
Шлагот се мати со вода по упатството и со шеќерот во прав. Кон изматениот шлаг се додава и павлаката и се мати да се соедини.
Најдоле се става 1 кора па се попрскува со сокот или компот од малини да биде посочна.
Над кората се мачка половина од првиот фил.
Над филот се реди 2 кора-розева и над неа се става половина од 2 фил со павлака.
Над павлаката се редат рибизлите и малините, па се покриваат со вториот дел од 2 фил.
Над филот се реди третата кора - розе и над неа се става втората половина од 1 фил.
Се реди и 4 кора и одозгора се мачка со шлаг или слатка павлака.
Корите бидејќи се со цели јајца сите се попрскуваат со сокот од малини за да бидат посочни.
Тортата е доста голема и вкусна. Се разбира може место рибизли да се искористи и др овошје -малина,јагода.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
Почитувани наши готвачи
За да нема забуни во иднина, да ве потсетиме дека рецепт на денот може да биде кој било рецепт од тековниот месец :)
Svetle fala ti za cestitkite i za blagoslovot pozzz:)
cestitki i za RD :))