Најпрвин во длабок сад ги кршиме јајцата, пенасто ги матиме. Во нив го додаваме шекерот продолжуваме со матење на најголема брзина од миксерот.
Го додаваме пополека млакото млеко или вода, маслото проматуваме со миксерот.
Во друг сад го мешаме брашното со прашокот за пециво и го додаваме во садот кој претходно ги матевме останатите состојки. Постепено сипуваме и мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
Плек број 36 го премачкуваме со масло и го набрашнуваме.
Во мерач од 1л.ставаме од смесата и додаваме 3-4лажици какао мешаме додека смесата не се соедини.
Во плекот најпрвин сипуваме малку од белата смеса па од кафеавата и така се додека не ги потрошиме.
Плекот го ставаме во загреана рерна на 200 степени и оставаме да се пече околу 20-25 мин.зависи од вашиот шпорет.
Испечениот пандишпан го превртуваме на некоја крпа и го оставаме да остине. Откако ќе се олади го засекуваме на средина и со конец од макара за шиење рамномерно тегнејки од двете страни пандишпанот го делиме на два дела.

Додека се лади пандишпанот можете да го направите филот.
Од млекото оставаме еден филџан, а преостанатото млеко го ставаме на оган со 5 лажици шеќер да зоврие.
Во млекото од филџанот го додаваме густинот, жолчките и 5л.шеќер матиме со лажица додека состојките не се соединат.
Кога ќе зоврие млекото во него на тивок оган со постојано мешање го додаваме густинот и постојано матиме додека смесата не стане густа како пудинг. Тргаме на страна и оставаме добро да се олади на собна температура.
По желба може кога ќе се олади да се измати со 100гр.маргарин и 100гр.шеќер во прав.

Започнуваме со филувањето--Најпрвин ја ставаме едната кора (долната)ја премачкуваме со филот врз неа ја ставаме другата и неа ако ви остане од филот може да ја премачкате јас ја прелив целата торта со 100гр.топено шоколадо помешано со 3-4 л.масло и 50гр.маргарин.
Декорирајте по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови