Еве еден познат брз десерт или здрава порција доручек.
Сите овшја убаво измијте ги. Јаболките и кивите излупете ги и исечете ги на средни парчиња. Јагодите исечете ги на половинки, кајсиите на четвртинки а на црешите одстранете им ги рачките. Измешајте ги сите овошја и полијте ги со агавиниот сируп или друг течен слад. Декорирајте по желба со шлаг и нанесете неколку суви гоџи бобинки кои се исто голем извор на витамин Ц, бетакаротин и антиоксиданси. Може да нанесете по желба и мелени бадеми или ореви, но мене ова ми беше сосем доволно. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови