Испечати

Пролетна овошна салата

Пролетна овошна салата

Состојки

  • 200г јагоди
  • 200г цреши
  • 200г кајсии
  • 2 лажици агавин сируп
  • 1 лажица сушени гоџи бобинки

Подготовка

Еве еден познат брз десерт или здрава порција доручек.
Сите овшја убаво измијте ги. Јаболките и кивите излупете ги и исечете ги на средни парчиња. Јагодите исечете ги на половинки, кајсиите на четвртинки а на црешите одстранете им ги рачките. Измешајте ги сите овошја и полијте ги со агавиниот сируп или друг течен слад. Декорирајте по желба со шлаг и нанесете неколку суви гоџи бобинки кои се исто голем извор на витамин Ц, бетакаротин и антиоксиданси. Може да нанесете по желба и мелени бадеми или ореви, но мене ова ми беше сосем доволно. Добар апетит!