Мока-лешник во чоколадо
Кремасто изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете го маслото, млекото, истопеното чоколадо и на крај брашното, пецивото и мелените лешници.
Истурете ја смесата во намастена и побрашнета тава 20х30 и печете во загреана рерна на 180С околу 35 мин.
Одделете малку од млекото, додајте го шеќерот и во него размешајте го прашокот за пудинг. Додадете го во загреаното млеко и сварете пудинг. Кога е готов, вмешајте го во него стопеното чоколадо и свареното кафе. Покријте го со целофан да излади. Во изладениот крем додадете го измиксираниот маргарин и заедно соединете ги со миксер.
Премачкајте го кексот со филот и спремете ја глазурата, така што чоколадото и маргаринот ќе ги растопите на пареа. Прелијте го колачот најгоре со топлата глазура. Оставете да олади и пробајте потоа да изедите само едно парче да ве видам *_*
Лиценца: Сите права се задржани
Слаѓана, мислам дека овој пат наградната не завзеде одзив така да не е фер да се наградуваат само 2-3 рецепти :) А јас пак како го имав одамна спремено рецептов си реков нека го има во гужвата, нека се брои во темата, кога веќе ме потсети на него...