Лазањи со шампињони и домати
Доматите ги ги рендаме, ги посолуваме, наросуваме магдонос и го сецкаме лукот во нив. Кромидот сечкан го пржиме додека не порумени и во него ги ставаме сечканите свежи шампињони. Пропржуваме и ја тргаме тавата на страна. Кашкавалот го рендаме. Во правоаголен плех ставаме масло и малку од сосот од домати, врз тоа ставаме лазањи кои претходно нема потреба да се обаруваат. Врз првиот ред лазањи ставаме хопла, шампињони и наросуваме оригано. Потоа ставаме друг ред лазањи врз нив ставаме од сосот од домати, печурките и хоплата. Ставаме трет ред лазањи, врз нив ставаме хопла, шампињони и кашкавал.
Потоа се става уште еден ред лазањи се поливаат со сосот од домати, хоплата и остатокот од печурките, се става рендан кашкавал и се наросува со оригано. На крај последниот ред лазањи го поливаме со остатокот од хоплата и малку вода, ставаме рендан кашкавал и ги ставаме да се печат во загреана рерна околу 20 минути. Се служат топли. Добар апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Kje ni donesesh sledniot pat za proba..sigurna sum...
Мораме да те пофалиме, фотографиите се се подобри и подобри и многу ни е мило. Следниот пат при фотографирање нека има малку повеќе светло на принесеното јадење.
од дома ќе ме иселат. порано се убивав од спремање, се' што видов спремив. ме караа дека се здебалиле и добив забрана за готвење. сега само успевам да протнам по некој рецепт....па имајте милост со убавиниве мајко му стара :) :) :) :)