Испечати

Лазањи со шампињони и домати

Лазањи со шампињони и домати

Состојки

  • 250 гр Лазањи
  • 400мл Хопла
  • 400гр Свежи шампињони
  • 2 главици Кромид
  • 700гр Домати
  • 1 лажица Оригано
  • 300гр Кашкавал
  • 2 чешниња Лук
  • 3 лажици Сечкан магдонос

Подготовка

Доматите ги ги рендаме, ги посолуваме, наросуваме магдонос и го сецкаме лукот во нив. Кромидот сечкан го пржиме додека не порумени и во него ги ставаме сечканите свежи шампињони. Пропржуваме и ја тргаме тавата на страна. Кашкавалот го рендаме. Во правоаголен плех ставаме масло и малку од сосот од домати, врз тоа ставаме лазањи кои претходно нема потреба да се обаруваат. Врз првиот ред лазањи ставаме хопла, шампињони и наросуваме оригано. Потоа ставаме друг ред лазањи врз нив ставаме од сосот од домати, печурките и хоплата. Ставаме трет ред лазањи, врз нив ставаме хопла, шампињони и кашкавал.
Потоа се става уште еден ред лазањи се поливаат со сосот од домати, хоплата и остатокот од печурките, се става рендан кашкавал и се наросува со оригано. На крај последниот ред лазањи го поливаме со остатокот од хоплата и малку вода, ставаме рендан кашкавал и ги ставаме да се печат во загреана рерна околу 20 минути. Се служат топли. Добар апетит.