1. Кромитчето и морковот ситно ги сечкаме и ги пропржуваме на тивок оган. Ги додаваме ситно сечканите печурки, ги пропржуваме, па го додаваме меленото месо. Кога ќе се упржи сето ова, ги ставаме зачините.
2. Путерот го ставаме во тенџере, на оган, да се растопи па го додаваме брашното да се упржи во него. Постепено потоа го додаваме млекото со постојано мешање, со рачна маталка, за да не ни се направат грутчиња во бешамелот. Ги додаваме зачините и мешаме додека да проврие.
3. Во огноотпорна намрсена тава редиме кори, па бешамел, па ги редиме сувите домати, врз нив ставаме од месото со печурките и на крај рендаме од моцарелата или пак ставаме тенки парчиња од неа. Така додека да ни се потрошат корите и мастрафот. На последната кора ставаме од бешамелот и рендаме кашкавал.
4. Ја печеме на 220 степени во загреана рерна покриена со капак во тавчето.

Забелешка
Не мора да ставате моцарела на секоја кора, ако веќе сакате ќе ви треба повеќе од грамажата што е пишана во состојките.
Сувите домати отстоени во маслиново масло и даваат посебен шмек на лазањата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани