
21
авг
2012
Лажни лазањи со домати
pатлиџаните и доматите се сечат на тркалца, а кашкавалот на кришки. Треба да има 12 тркалца патлиџан, 8 тркалца домати и 12 кришки кашкавал. Во керамички сад за печење се редат 4 тркалца патлиџан врз нив се става по едно тркалце домат и по едно парче кашкавал. Постапката се повторува уште еднаш за на крај да се заврши со кашкавал. Се попрскуват со масло и се стават во загреана рерна да се потпечат околу 20 минути.
БОН АПЕТИТ
П.С.заборавив да пишам дека пред редењето крукчињата патлиџан се пржат во тавче на многу малку масло
Лиценца: Сите права се задржани