Лажни полнети пиперки
1. Исчистената пиперка, кромидот, магданосот и лукот се ставаат во блендер и ситно да се исецкаат.
2. Месото се замесува со лебните трошки, солта, црвениот пипер, биберот, се додава исецканиот зеленчук. Се меша.
3. Од добиената смеса со влажни раце правете мали кофтиња, ставете ги на хартија за печење ( ако печете во Ростер тавата не ви е потребно хартија). Печете ги околу 15-20 минути на 200 степени - зависно од рерната бидејки секоја рерна не е еднаква.
Овие кофтиња имаат вкус на полнети пиперки... затоа и го носат тоа име.
Се сервираат најчесто со пире од компир или шпагети, обавезно со прилог - сос од патлиџани или наједонставно - кечап. Значи обавезно треба да бидат полиени со сос.
Ова е мојот денешен ручек, и тоа од половина доза од состојките во рецептот. Прилог Овчарската салата.
Да ви е слатко!
Лиценца: Сите права се задржани
Blagodaram!