Домашен сладолед со кокос
Се матат жолчките со шеќерот со миксер додека се добие пенаста смеса и шеќеот се растопи.
Ставете ги на пареа.
Привремено мешајте додека да згустат, околу 10-15 мин. треба да прават пат кога ќе се повлече со лажицата или жицата за матење.
Кога е готово се додава млекото и уште малку се примешува и се остава некаде уште 5 мин.
Во меѓувреме се мати слатката павлака додека ја добие потребнаата густина, се додава смесата од жолчки и млеко, кокосот и ванилиниот екстрат.
Се миксира колку да се соедни и се сипува во пластично кутивче.
Мене ми требаше едно поголемо кантиче од мармалад. Излегува околу 2,300 грама.
Оставете го во замрзнувач 4-5 часа најдобро преку ноќ...
Пред да го служите оставете го малку да се отпушти... *_*
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Може вака-занчи на 1 жолчка оди 25 гр. шеќер и 25 мл. млеко а за слатката павлака незнам веројатно 50 мл. така да може да се искомбинира...