Испечати

Домашен сладолед со кокос

Домашен сладолед со кокос

Состојки

  • 500 мл. слатка павлака
  • 10 жолчки
  • 250 гр. шеќер
  • 250 мл. млеко
  • 100 гр. кокос
  • 1 лажица екстрат од ванила

Подготовка

Се матат жолчките со шеќерот со миксер додека се добие пенаста смеса и шеќеот се растопи.
Ставете ги на пареа.
Привремено мешајте додека да згустат, околу 10-15 мин. треба да прават пат кога ќе се повлече со лажицата или жицата за матење.
Кога е готово се додава млекото и уште малку се примешува и се остава некаде уште 5 мин.
Во меѓувреме се мати слатката павлака додека ја добие потребнаата густина, се додава смесата од жолчки и млеко, кокосот и ванилиниот екстрат.
Се миксира колку да се соедни и се сипува во пластично кутивче.
Мене ми требаше едно поголемо кантиче од мармалад. Излегува околу 2,300 грама.
Оставете го во замрзнувач 4-5 часа најдобро преку ноќ...
Пред да го служите оставете го малку да се отпушти... *_*