Најпрвин пенесто изматете ги јајцата со шеќерот.
Во посебен сад изматете ја шлаг пената со ладното млеко.
Двете смеси соединете ги и измешајте убаво со лажица.
Јагодите и чоколадото исечете ги на ситни коцки.

Во пластичен сад за замрзнување ставете тенок слој од изматената смеса.
Одозгора ставете ги исецканите јагоди и чоколадо.
На крај исипете ја изматената смеса и израмнете.
Затворете ја кутијата и ставете ја во замрзнувач да се стегне.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани