Домашен сладолед со јагоди и чоколадо
Состојки
- 2 јајца
- 2,5 лажици шеќер
- 1 шлаг пена
- 7 свежи јагоди
- 50 гр. млечно чоколадо
- 125мл. ладно млеко
Подготовка
Најпрвин пенесто изматете ги јајцата со шеќерот.
Во посебен сад изматете ја шлаг пената со ладното млеко.
Двете смеси соединете ги и измешајте убаво со лажица.
Јагодите и чоколадото исечете ги на ситни коцки.
Во пластичен сад за замрзнување ставете тенок слој од изматената смеса.
Одозгора ставете ги исецканите јагоди и чоколадо.
На крај исипете ја изматената смеса и израмнете.
Затворете ја кутијата и ставете ја во замрзнувач да се стегне.