Идеален за предстојните горештини, а и премногу вкусен. 400 мл од млекото се става да почне да врие, а во преостантите 100 мл. се разматува пудингот и се додава во зовриеното млеко. Се остава малку да се излади. Желе бонбоните се сецкаат и се додаваат во пудингот се додаваат и оревите и се меша убаво. Слатката павлака се мати убаво. Кога смесата со пудинг е убаво изладена во неа се додава и слатката павкала. Се става во замрзнувач да се стегне. Се надевам дека ќе ви се допадне овој рецепт за сладолед.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови