Белките одделете ги од жолчките и изматете ги посебно. Жолчките ги матиме заедно со шеќерот, потоа им ги додаваме и изматените белки и пак сето заедно го матиме. Ја матиме шлаг пената и ја додаваме киселата павлака. Сето ова заедно се меша со претходната смеса и ставаме во замрзнувач околу 3-4 часа. ( Ние не можевме толку да чекаме ) Може да се додаде и сецкано овошје по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови