Овошен сладолед со кисела и слатка павлака
- Овошјето кое сте го одбрале заедно со шекерот со процесор изработете го колку да се стопи шеќерот, потоа додадете ја киселата павлака, го процесирате за да се спои павлаката и да не останат грутчиња од истата, да биде кремасто.
- Изработете ја павлаката до меки врвови, додадете кај предходната смеса и со шпатула добро промешајте или со миксер но само кратко време за да не се премати павлаката.
Соберете во сад и правец замрзнувачот. Одличен е...
Јас го правев со малини.
Наместо слатка павлака може да изработите едно пакетче шлаг пена и истата ја додадете во предходно приготвената овошна смеса... Понатаму само да почекате да се стегне..па уживајте. Додека го чекав времете за да се направи сладоледот - неколку пати пробркував со лажица за да се спречи кристализирањето.
Лиценца: Сите права се задржани