Вулкан семифредо торта (јубилеен 500-ти рецепт)
Ете, по осум ипол години присуство на сајтов стигнав до мојот 5-ти јубилеј. Му се радувам исто како и на првиот. Љубовта кон готвењето е голема и токму таа не држи овде заедно со години. Некогаш поактивна со рецепти, некогаш помалку, но секогаш ги следам сите рецепти и кога сум во можност оставам и коментари. Благодарам на тимот на Мои Рецепти што ни го овозможи ова катче за дружење и споделување на искуства од кујната. Јас лично научив многу . Кога започнав со споделување на рецепти на сајтов бев почетник во кујната, но следејќи ве вас драги пријателки сега полесно се снаоѓам. Благодарност и до сите посетители на сајтов кои ги следат нашите рецепти, нашата работа и труд во кујната. Навраќајте секогаш на сајтов, вистиско богатство од рецепти. Оваа торта ја направив за двоен повод. Секако јубилејот, но и мојот роденден Се надевам ќе ви се допадне.
1. Пандишпан- Изматете ги пенесто јајцата и шеќерот. Потоа во млаз( матејќи со мала брзина ) додајте го растопениот и оладен путер. Потоа додајте ги просеаното брашно, какао и пециво. Мешајте со шпатула или дрвена лажица во еден правец. Изматената смеса ставете ја во калап(24цм) премачкан со путер. Печете на 180 степени, околу 40 минути. Оставете убаво да се олади во калапот. Потоа извадете го и исечете го на 3 дела.
2. Сируп- Зовријте ги водата и шеќерот. Додајте го мармаладот и мешајте да се растопи. Потоа додајте го рум екстрактот и оставете да се олади.
3. Семифредо- Маскаропнето изматете го со шеќерот во прав. Посебно изматете ја слатката павлака, па додајте ја во садот со маскарпонето. Изматете за убаво да се соединат состојките. Обложете со најлонска фолија стаклен округол и длабок сад(20цм).
4. Ставете половина од смесата. Одозгора нанесете го внимателно мармаладот и ситно сецканата кандирана кора од портокал. Потоа ставете еден диск од пандишпанот и убаво попрскајте го со сирупот. Одозгора нанесете ја другата половина од смесата. Покријте со најлонска фолија и ставете во замрзнувач најмалку 3-4 часа.
5. На подлога за торта ставете 1 диск пандишпан. Попрскајте го убаво со сирупот. Премачкајте го со мармалад. Одозгора ставете го семифредото и премачкајте го со изматена слатка павлака. Преостанатиот диск исечете го на 12 триаголници. Секој триаголник пандишпан премачкајте го со сирупот и нанесете ги врз семифредото. Декорирајте со парчиња портокал.
Совет
Доколку не сакате веднаш да ја послужите, може да ја направите и да ја чувате во замрзнувач(без портокалите). Кога ќе сакате да ја послужите извадете ја да отстои 1 час на собна температура или 2 часа во фрижидер.
Лиценца: Сите права се задржани
Iskreni cestitki za ovoj golem jubilej
Prekrasna torta si podgotvila za tvojot rodenden, a sekako i za jubilejov
Ostani tuka, da te citame, da gi sledime tvoite kulinarski vestini.
Uzivaj vo tvojot den
Pozzz od Mk
Pozdrav i od mene :*
Честитки Кате за овој голем јубилеј, за оваа убава бројка.
Патем,среќен роденден
Честитки од се срце за јубилејот, мило ми е што си меѓу нас :)
П.С. Среќен, најсреќен роденден ти посакувам, со искрени желби за здравје, љубов и само убавини.
Поздрав
Pozdrav i do tebe.
Ама секоја чест за изборот и изработката на овааа прекрасна торта! Значи големо БРАВО! Прекрасно изгледа и верувам ептен сте се насладиле! И овде да ти го честитам роденденот, да си ни жива и здрава и да се дружиме како и до сега! Поздрав и уживај во денов, твој си е! :):):)
Pozdrav i do tebe.
Нека ти се множат рецепти!
Тортата е интересно и оригинално дело и многу ми се допадна.
Srecen rodenden,tortata preubava dostojna za ovaa ubava brojka na recepti koj od koj poubav...uzivaj vo tvojot den:)
Честитки од срце и ти посакувам уште многууу јубилеи
Многу убав јубилеј, да ти се множат прекрасните рецепти!
Едноставно обожавам да ѓи читам и гледам твоите рецепти и фотографии :-)
А, тортава пак поинаква, несојдневна,совршена за одбележување на збирка од ваков број рецепти!
Секое добро ти посакувам и дружбата продолжува :-)
Ti blagodaram i te pozdravuvam.
но, штом овој пат примаш честитки значи е време за вистинско славење, претпоставувам за твојот фамозен 1500ти рецепт. шо да кажам жено? наклон! браво! терај и штампај само илјадарки нека се нижат. вулканот сам си зборува
кате, прости и на грешната и неписмената :))))))))
штета што не можам да го поништам коментарот за да не се резилам сега :)
кате, честитки за твојата прекрасна 5 стотка! уживам во твоите рецепти, особено во тоа како ги презентираш рецептите, како вистински мастер шеф. нека се нижат уште многу, многу
како реков погоре вулканот сам зборува :)
Ti blagodaram mnogu Klaric i ti prakjam pozdravi :)
Da ovde vo Italija semifredoto e omileno desertce.
Pozdrav
Ти го честитам овој прекрасен и достоен јубилеј. Го одбележа со многу интересна торта со прекрасна фотографија и неодолив вкус.
Ама креативноста е својствена за рибите нели (малку да се пофалиме ние хороскопските риби ха, ха) ...
Ти благодарам што секогаш на сите ни даваш поддршка, ги следиш и читаш сите рецепти.
Auguri Katerina!
Vo pravo si kreativnosta kaj ribite e na prvo mesto :))
Zadovolstvo mi e da sledam sto se spodeluva tuka.
Pozdrav.
Често знаеме да искоментираме за твоите рецепти дека изгледаат како да се подготвени во некој луксузен ресторан. Твојата љубов кон готвењето, надополнета со естетиката која сме повеќе од сигурни дека ја поседуваш, не тера да се вљубуваме во секој нов рецепт повторно и повторно.
Веќе ти го препознаваме стилот до тој степен што само од фотографија можеме да бидеме сигурни дека тоа си ти. БРАВО за твојата голема професионалност и БЛАГОДАРНОСТ за твојот придонес оваа страна да стане тоа што е.
Ти благодариме за твоите 500 рецепти и ти подаруваме Делимано Кујнски робот ПРО!
Искрено ти посакуваме уште многу јубилеи затоа што таков уметник како тебе заслужува да биде забележан.
Тимот на Мои Рецепти
Vi blagodaram premnogu.
Drago mi e sto e taka kako sto napisavte.
Ke prodolzam da se trudam kolku sto mozam da go spodeluvam ona sto go spremam vo mojata kujna.
Idei mnogu, zelba i ljubov da se sprema nesto novo i interesno, sekogas imam, ama ponekogas vremeto i obvrskite ne kocat.
Kako i da e, prodolzuvame da se druzime.
Ovde so site vas se relaksiram, spodeluvajki i citajki gi receptite na ostanatite clenki.
Vi blagodaram od srce i za podarokot, navistina ke mi ja olesni rabotata vo kujnata.
Vi prakjam topli pozdravi od Italija.
Prodolzuvame sekako so druzbata.