Вулкан Колач (Јубилеен 300-ти рецепт)
Драги мои читатели на страната Мои рецепти, драги готвачи и драга екипа на прекрасната страна за споделување на рецепти за сечиј вкус, со задоволство сум ова време меѓу вас, а се надевам и Вие со мене. Досега ви споделував рецепти од мојата кујна кои секогаш ги спремам со многу љубов, а таа љубов кон готвењето ме донесе и до мојот Јубилеен 300-ти рецепт, кој со задоволство беше дегустиран од моите најмили. Ова е еден превкусен и економичен десерт, кој се прави многу лесно и брзо, а со неговиот изглед и вкус ќе ве воодушеви.
1. Подготовка на кремот
-Најпрво започнуваме со подготовката на кремот. Нишестето го раствораме во млекото, па го процедуваме преку цедалка за секој случај, за да нема грутки. Ги додаваме и останатите наведени состојки и го вариме кремот на средна температура до негово згуснување (како класичен пудинг). Потоа го тргаме настрана и го додаваме путерот, мешаме да се растопи. Кремот го префрламе во друг сад и го покриваме со стреч фолија.
2. Подготовка на пандишпанот
- Во длабок сад ги миксираме јајцата, со постепено додавање на шеќерот и ванилата, до нивно згуснување. Потоа ги додаваме млекото и маслото. На крај ги додаваме какаото, брашното и пецивото. Миксираме кратко до хомогенизирање. Во округол калап број 26 (со обрач кој се вади) ставаме на дното хартија за печење, а страните ги премачкуваме со путер. Ја истураме смесата за пандишпан, па врз неа го ставаме кремот со голема лажица, додека да се потроши. Кремот се става само во средишниот дел, на неколку см од краевите на калапот (видете додатна слика). Кремот и да не е целосно оладен, тоа не претставува никаков проблем. Колачот се пече во загреана рерна на 180 степени - 40 минути. Испечениот колач нека олади, па го вадиме од калапот.
3. Декорација
- Во средишниот дел ставаме чоколадни трошки. Чоколадото (посебно белото, посебно црното) го топиме на пареа со 2 м.л. масло, па го ставаме во мало ќесенце. Ќесенцето го дупнуваме на врвот и го шараме колачот.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
Neka se nizat uste recepti od tvojata kujna
Lesno, vkusno tortice
Ubav den
Колачот навистина е превкусен и вреди да се проба :)
Се дружиме и понатаму.
Десертче за мерак, како и секој твој рецепт :-)
Се дружиме и понатаму ❤
Поздрав
Убав и сочен колач!
Ти посакувам уште многу јубилеи, со истиот жар да ги постигаш :)
Тортата е преубава, во мој омилен стил - со едноставност а во исто време убавина. Честитки :)
Вкусот убав и добро познат. На здравје да ви е.
Бидејќи уживам во готвењето, со задоволство се дружам тука со сите вас готвачи и читатели, се надевам и вие со мене :)
Поздрав и секое добро :-)
Најпрво честитки за јубилејниот 300-ти рецепт, кој според реакциите и споделувањата, се чини дека го привлекол вниманието и на останатите членови, кои го прославиле јублејот заедно со вас.
Благодарни сме за вашата посветеност кон готвењето и пасијата кон креирањето на содржини на нашата страница, за кои се надеваме дека ќе ви потраат уште долго, за да можеме заеднички да уживаме во вашите креации. Токму заради вашиот придонес кон страницата и кон заедницата, како и по повод вашиот јубилеј, ви го подаруваме најновиот Joy Блендер сет Про.
Сигурни сме дека овој прекрасен производ, ќе најде примена во вашата кујна и ќе ве инспирира да подготвите супер вкусни оброци, кои ќе ги споделите со нас.
Тимот на Мои Рецепти
Мило ми е што сте ја приметиле мојата посветеност и љубов кон готвењето, а уште помило ми е што моите рецепти го привлекуваат и вниманието на читателите, на кои со задоволство ќе им презентирам уште многу рецепти од мојата кујна.
Поздрав и секое добро.
честитки драга сим за јубилејната бројка од 300 рецепти како и за убавата награда која верувам ќе е од помош за вкусни нешта :)