Торта од спанаќ со малини (јубилеен 300 рецепт)
Размислував каква торта да направам за јубилеен рецепт за фа биде вкусна и оригинална. Ја видов на интернет многу ми дојде убава и решив да ја направам за јубилејот.
Пред се сакам да се заблагодарам на тимот мои рецепти, за нивниот труд и за наше прекрасно дружење! ♥️
Дружејќи со вас многу научив од македонската кујна, која е многу богата и вкусна, а и мислам и вие нешто научивте од Украинската кујна.
Поздрав до сите готвачи на Мои рецепти, дружбата продолжува!
За тесто
Спанаќот се блендира.
Се прават три кори по 2 јајца, и една со едно јајце. Таа кора што е со едно јајце се користи за украсување.
2 јајца се матат со шеќер, се додаваат 2 лажици спанаќ, 1 лажиче пециво, 2 лажици брашно, се измешајте и ставете во округла форма да се пече. Се пече на 200 степени околу 25 минути.
Така направете со останатите кори.
За фил
Желатинот растворете го во 50 мл вода, оставете го набабри.
Благата урда изблендирајте, додајте павлака, шеќер, ванила се убаво мешајте додека не се изедначи смесата.
Желатинот растопете го во микробранова и истурете во филот, промешајте.
Во филот додајте малини и филувајте ја тортата.
Тортата оставете во фрижидер да се стегне.
Шлаг изматете премачкајте ја тортата одозгора и странично.
Кората со едно јајце изблендирајте на блендер за да испаднат ронки.
Со ронки посипете торта одозгора и странично. Украсете ја тортата со малини и листови нане.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
Neka ti Se mnozat receptite tuka
Me raduva sto Ni prezentiras mn ubavi sliki
Tortata ubava i kolku sto se sekavam ja imase i Liljana podgotvena za eden svoj jubilej
Sekoe dobro ti posakuvam, pozz
Прекрасна бројка, да ти се множат убавите рецепти!
Посебно ме привлекуваат твоите рецепти од украинската кујна :-)
Ваква слична торта со спанаќ и малини , која е навистина необична мислам дека Лиле ни подготви како нејзин 1000 рецепт, ама тој сега засега е изгубен...ама еве твојот ни е тука, па може ќе си ја подготвиме некој ден. Поздрав и секое добро!
Убава торта ни понуди.Нека ви е слатко.
ти си ни еден од оние омилени примери, каде што имаме неверојатен напредок од првиот, во секој нареден рецепт - во поглед на презентација и фотографија. Така и овој твој јубилеен рецепт е вистинско ремек дело!
Ти благодариме за твоите 300 рецепти и ти подаруваме Делимано Мултипрактик 7 во 1. Честитки!
Се надеваме дека ќе продолжиш да ни споделуваш одлични рецепти, подготвени и презентирани со многу љубов и на одличен начин.
Тимот на Мои Рецепти
Сите ве контактиравме преку пораки околу старите рецепти кои недостасуваат. Ве очекуваме и вас со пораки.
Убав ден на сите!
Секако дека ќе продолжам да исптакам рецепти, и понатаму да се усовершувам во рецепти и презентација! Зошто ова ми стана дел од мојот живот! ♥️
Уште еднаш ви благодарам от срце! ♥️
Тортатавти е прекрасна, за фотографијата немам зборови !!!
Уживај и понатаму во создавањето на уште убави рецепти ... со здравје да ја користиш преубавата награда мила.
Се најдобро!