Испечати

Торта од спанаќ со малини (јубилеен 300 рецепт)

Торта од спанаќ со малини (јубилеен 300 рецепт)

Состојки

  • 7 јајца
  • 7 лажици шеќер
  • 7 лажици брашно
  • 1 пециво
  • 300гр спанаќ
  • За фил
  • 300гр блага урда
  • 300гр слатка павлака
  • 200 гр шеќер во прав
  • 3 ванила
  • 1 желатин
  • 1 лажиче сок од лимон
  • 200 гр малини
  • 1 пакетче шлаг со вкус на ванила

Подготовка

Размислував каква торта да направам за јубилеен рецепт за фа биде вкусна и оригинална. Ја видов на интернет многу ми дојде убава и решив да ја направам за јубилејот.
Пред се сакам да се заблагодарам на тимот мои рецепти, за нивниот труд и за наше прекрасно дружење! ♥️
Дружејќи со вас многу научив од македонската кујна, која е многу богата и вкусна, а и мислам и вие нешто научивте од Украинската кујна.
Поздрав до сите готвачи на Мои рецепти, дружбата продолжува!
За тесто
Спанаќот се блендира.
Се прават три кори по 2 јајца, и една со едно јајце. Таа кора што е со едно јајце се користи за украсување.
2 јајца се матат со шеќер, се додаваат 2 лажици спанаќ, 1 лажиче пециво, 2 лажици брашно, се измешајте и ставете во округла форма да се пече. Се пече на 200 степени околу 25 минути.
Така направете со останатите кори.
За фил
Желатинот растворете го во 50 мл вода, оставете го набабри.
Благата урда изблендирајте, додајте павлака, шеќер, ванила се убаво мешајте додека не се изедначи смесата.
Желатинот растопете го во микробранова и истурете во филот, промешајте.
Во филот додајте малини и филувајте ја тортата.
Тортата оставете во фрижидер да се стегне.
Шлаг изматете премачкајте ја тортата одозгора и странично.
Кората со едно јајце изблендирајте на блендер за да испаднат ронки.
Со ронки посипете торта одозгора и странично. Украсете ја тортата со малини и листови нане.
Добар апетит!