Анкина торта- Јубилеен 100ти рецепт
Почитувани МОИ РЕЦЕПТИ, најпрво благодарност до целиот тим што ми овозможивте да бидам дел од оваа прекрасна страна.
Благодарност на сите Вас кои со вашето внимание, коментари, лајкови ми докажавте дека сакате да ги видите моите рецепти и ме подржувате.
За секој објавен мој рецепт, се од 7/12/2013 од кога сум член на оваа страна да ви кажам искрено се радував, како прваче што се радува на секоја петка.
Размислував што да биде рецепт за мојот 100 бр, па се решив да ви ја претставам оваа прекрасна декоративни и вкусна Анкина торта.
Можам да ви кажам дека оваа торта сум ја правела со мајка ми последен пат за мојата веридба (ќе ви приложам и слика), значи рецептот е стар, но вреди да се проба и види.
Сега да ви го претставам начинот на подготовка.
Прво се прави белото тесто, се матат јајцата со шеќерот, па се додава брашното, пецивото и смесатат се истура во голем правоаголен плех.
Испеченото тесто се сечи на 3 ленти по должина (кај мене излегоа по 11 цм)
Исто се постапува и со црното тесто.
Се матат јајцата со шеќерот, се додаваат оревите, брашното, пецивото и смесата се истура во истиот правоаголен плех и се печи.
Оваа испечена кора се дели на 2 дела по должина (кај мене беше со ширина од 17 цм)
Сега се подготвува филот за белото тесто.
Во тенџере на оган се става млекото со шеќерот да провријаат. Се трга од оган па се додаваат оревите, чоколадото, сокот и кората од портокал, изматениот путер.
Со овој фил се премачкуваат 3 парчиња бело тесто.
Се завиткуваат како латици и се оставаат на страна.
Сега се прави филот за црното тесто.
На оган во тенџере се ставаат млекото, пудингот, шеќерот и се вари до згуснување.
Се лади па се додаваат изматениот путер и 4 жолчки со 4 лажици шеќер кој се претходно изматени над пареа до згуснување.
Убаво сето се соединува и се додаваат 300 гр мелен орев.
На послужавник се става едната половина од црното тесто.
Врз неа се става половина од филот за црно тесто.
Се премачкува кората.
Сега врз филот се редат латиците, една до друга.
Се премачкуваат со филот
Сега врз нив се става втората кора и таа се премачкува со остаток од филот.
На страна во сад на оган се ставаат шеќерот и водата и се вари шербет.
Во друг сад се матат 4 белки и постепено во танок млаз се додава сварениот шербет во белките.
Се мати се додека не се изладат белките.
Се декорира по желба.
Ветувам дополнителна слика од целосен пресек, но после тоа од кога ќе се излади тортата.
На крај оваа торта, овој 100 рецепт го посветувам на мојата мајка.
Фала ти мамо за се и бидими здрава и жива уште многу години.
Лиценца: Сите права се задржани
и нас не обземаа емоции од твојот опис на овој рецепт, значаен за тебе во толку убав момент - а и за овој јубилеј од 100 рецепти.
Навистина ни е драго што си наш член, што толку неуморно го споделуваш своето знаење со нас и сите наши фанови...и се надеваме така ќе продолжиш и во следната стотка.
Како благодарност, ти подаруваме Делимано Фантазија Сет 5 силиконски калапи. Честитки!
Тимот на МоиРецепти
Blagodaram na site za cestitkite
кате, мило ми е што не' најде и фала ти за сите преубави рецепти :)