Солена новогодишна елка (јубилеен 100ти рецепт)
Во пресрет на новогодишните празници, денес мислејќи се што да се готви односно меси излезе оваа солена елкичка на која искрено јас многу и се радував како излезе на крајот, така и моето синче беше пресреќно, еххе
Исто би сакала и да споменам дека може и ова да биде едно обележување за моето постоење на овој прекрасен сајт, на кој сум член од самите почетоци но со некои прекини пак се навраќам постојано, и ги нижам моите рецепти тука веќе се 100, и се надевам дека ќе има уште многууу повеќе.
Сега малку за тоа како настана оваа елка.
За тестото потребно ние брашно, квасец јогурт млеко, малку сол малку шеќер.
Сето ова заедно го месиме додека не добиеме убаво ама меко тесто и го оставаме да надојди некаде околу еден час, и половина.
Откако е готово, правиме мали топченца во кои доколку сакате може да ставиме некој фил ама и празни се превкусни. Така малите топченца ги ставаме на плех обложен со хартија за печење во форма на елка. Откако ќе ја оформиме елката, ја оставаме уште половина час покриена со кујнска крпа.
Пред да ја ставиме да се печи ја премачкуваме со разматено јајце, и печеме во загреана рерна додека не зарумени убаво.
Откако ќе ја извадиме од горе ја премачкуваме со малку путер и оставаме да се олади.
Штом е ладна декорираме по желба, јас искористив малечки чери доматчиња, некое зрнце пченка и од горе наросив со домашен сушен зачин кој е мешавина од сушен магдонос, нане и босилек.
Се надевам дека и вие ќе ја направите и дека заедно со најмалите ќе уживате.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Се најдобро, се дружиме и понатаму на оваа прекрасна страна со супер рецепти и готвачи.
Vo dobro zdravje, se nadevam site nie tuka prodolzuvame i vo 2021 godina da Se druzime
Poz i ubav den
Ти си ми една ведра личност, барем колку што можам да те почувствувам од коментарите со кои си редовна во последно време овде на МР :), и со твоето присусто МР е побогата за еден добар готвач и позитивец!
Рецептов ти е супер, во вистинско време, декоративен и мислам дека ќе се најде на многу празнични трпези:)
Уживај во твојов ден и голем поздрав!
Погачката ми изгледа многу мекичка и вкусна. Ќе си ја направиме за празниците ?
Радувај се денес, и продолжи да не дружиш понатаму ❤
Елката прекрасна ❤
Ubava elkicka si napravila.....vkusna.
задоцнето, но не заборавено, заради празниците и зголемениот обем се навраќаме на твојот прв јубилеј.
Навистина сме среќни што ни се врати, после долга и оправдана пауза. Навистина е задоволство да ги читаме твоите рецепти, посебно оние со тесто, затоа што знаеме дека си вистински махер за тесто во секаква форма.
Ти благодариме за твоите 100 рецепти и ти подаруваме сет Делимано тави. Честитки!
Дружбата продолжува и понатаму,
тимот на МоиРецепти
Секое добро за сите