Испечати

Солена новогодишна елка (јубилеен 100ти рецепт)

Солена новогодишна елка (јубилеен 100ти рецепт)

Состојки

  • 500 гр брашно
  • 150-200 мл топло млеко
  • 1 коцка квасец
  • 1 кафено лажиче сол
  • 1 кафено лажиче шеќер
  • 3-4 супени лажици јогурт
  • 1 јајце
  • 1 суперна лажица путер
  • неколку чери доматчиња
  • 1 супена лажица мешан домашен зачин

Подготовка

Во пресрет на новогодишните празници, денес мислејќи се што да се готви односно меси излезе оваа солена елкичка на која искрено јас многу и се радував како излезе на крајот, така и моето синче беше пресреќно, еххе
Исто би сакала и да споменам дека може и ова да биде едно обележување за моето постоење на овој прекрасен сајт, на кој сум член од самите почетоци но со некои прекини пак се навраќам постојано, и ги нижам моите рецепти тука веќе се 100, и се надевам дека ќе има уште многууу повеќе.
Сега малку за тоа како настана оваа елка.
За тестото потребно ние брашно, квасец јогурт млеко, малку сол малку шеќер.
Сето ова заедно го месиме додека не добиеме убаво ама меко тесто и го оставаме да надојди некаде околу еден час, и половина.
Откако е готово, правиме мали топченца во кои доколку сакате може да ставиме некој фил ама и празни се превкусни. Така малите топченца ги ставаме на плех обложен со хартија за печење во форма на елка. Откако ќе ја оформиме елката, ја оставаме уште половина час покриена со кујнска крпа.
Пред да ја ставиме да се печи ја премачкуваме со разматено јајце, и печеме во загреана рерна додека не зарумени убаво.
Откако ќе ја извадиме од горе ја премачкуваме со малку путер и оставаме да се олади.
Штом е ладна декорираме по желба, јас искористив малечки чери доматчиња, некое зрнце пченка и од горе наросив со домашен сушен зачин кој е мешавина од сушен магдонос, нане и босилек.
Се надевам дека и вие ќе ја направите и дека заедно со најмалите ќе уживате.