Сникерс торта - јубилеен 500-ти рецепт
Еве ме и мене со мојот петти јубилеј! Се радувам што го заокружив овој број на рецепти, чест ми е што сум еден од готвачите на оваа страна, која стана секојдневие во мојот живот. Морам да се заблагодарам на тимот на Мои Рецепти, прекрасни, посебни, секогаш знаат како да мотивираат и препознаат вложен труд.... Вам, почитувани читатели на моите рецепти, мило ми е што ви се допаѓаат рецептите и многу сте ми пишале дека сте ги подготвиле, ме радува.
Многу ми значи и подршката од вас драги готвачки, виртуелни пријателки :) Дружбата продолжува тука и што побрзо да помине ова време-невреме и да си направиме една средба... Секогаш јубилејниот рецепт ми е благичко, торта. Така и овој, се одлучив да биде рецептот за роденденската торта на мојот сопруг, чии роденден беше на почетокот на месецов. Сите ги воодушеви, а највеќе славеникот!!!
Па еве вака
1.Најпрво се спрема кората, стандардно, се матат белките во цврст шам со шеќерите, па се додаваат другите состојки и се излева во плех 32 на 39 цм., а се пече на 180 околу 20 мин., во претходно загреана рерна. Се остава да подизлади, да биде топла и се попрскува со млекото.
Кората се сече на 3 ленти. При филувањето ставам 2, а од третата добивам гратис парчиња, се уочува на дополнителните фотографии. Тортата е богата со фил и излегува солидно висока, така да за трета кора нема потреба, ќе дојдат многу големи парчињата.
2. Карамел фил
Се топи шеќерот до втечнување.
Штом смени боја и цел е втечнет го тргаме од рингла .(Внимаваме да не биди тоа многу, па покасно да горчи.) Му додаваме 300 мл. млеко и враќаме на тивок оган додека се стопи. Потоа го додаваме пудингот растворен во 200 мл. млеко. Се покрива со најлонска фолија и го оставаме да излади.
Го матиме путерот отстоен на собна т. со млекото во прав. Соединуваме со пудингот. Ги додаваме и кикирите.
3.Чоколаден фил
Се спрема стандардно, пудинзите се раствораат во 250 мл.млеко, а остатокот со шеќерот и ванилите се зоврива. Жолчките се матат и мешаат со пудинзите. Се додаваат во зовриеното млеко. Се вари до потребната густина. Се трга од оган. Во жешко се додаваат путерот и чоколадото. Се меша и се остава да се излади. Во целосно ладно, изматена слатката павлака се вмешува со лажица.
4.За ганашот
Загреаната павлака без да зоврие, се истура врз чоколадото и се меша додека се стопи, изедначи.
5.Финална постапка
-кора-карамел фил-чоколаден фил
-уште еднаш се повторува постапката и се прелива/мачка со ганашот.
Уживајте!!!
Лиценца: Сите права се задржани
Тортата прекрасна на изглед, верувам и на вкус. Поздрав и секое добро.
Тортата беше превкусна...
Секое добро и на тебе, поззз... :-)
Те поздравувам и ти посакувам најубав јубилеен ден! Уживај го со најблиските!
Задоволните лица на дегустаторите ми го потврдија тоа!
Топол поздрав и од мене <3
Sekoj tvoj recept e preubav i se razbira podgotven so posebna ljubov.Tortata e preubava jas licno i moive domasni ja obozavame.Te pozdravuvam i ti posakuvam pred se mnogu zdravje i uspeh na sekoe pole:)
Љубовта е најважниот зачин во готвењето <3
Мило ми е што препознаваш :-)
Секое добро и на тебе :-)
Ве поздравувам и јас :-)
Тортата - сон, прекрасна - стандард од твоја страна :)
Секое добро и на тебе :-)
Cestitki za jubilejov
Neka se nizat i ponatamu recepti od tvojata kujna
Pozzzz
Поздравче :-)
Честитки за јубилејот, уште многу рецепти да се споделуваат од твојата кујна и да се нижат нови јубилеи.
Се најдобро
Навистина е превкусна, фаворит стана на моите за сега :-)
Секое добро и на тебе :-)
Честит 500-ти јубилеј одбележан со оваа превкусна и богата торта.
Браво за сите твои рецепти кои со веродостојност секој којшто ќе посака може успешно да ги направи.
Мило ми е што си присутна на странава и биди ни уште долго, и одбележи уште многу јубилеи.
Поздрав и се најдобро :)
Точно, сакам нештото на секој да му успее!
Затоа ја сакам станава, не поврзува сите вљубеници во готвењето,години наназад се дружиме, разменуваме искуства,ќе продолжиме и понатаму :-)
Секое добро и на тебе, поззз... :-)
На сокаче, на сокаче, само што побрзо да помини оваа чума....
Поздравче и секое добро :-)
Навикнавме од тебе да гледаме традиционални вкусни деликатеси, па овој твој јубилеен рецепт дојде како цреша на шлагот на целото твое кулинарско творештво тука на странава.
Сигурни сме дека луѓето во твоето опкружување секојдневно уживаат во ремек делата кои ги подготвуваш, баш е благодет кога некој во семејството има таква љубов спрема добрата храна.
Ти благодариме за твоите 500 рецепти и ти подаруваме Делимано Кујнски робот ПРО!
Се надеваме дека ќе продолжиш со истото темпо како и досега да ги споделуваш со сите нас твоите кулинарски тајни.
Тимот на Мои Рецепти
Ви благодарам за прекрасниот подарок, многу се израдував, па денес и 8 ми Март, поклонот во вистинско време, ќе го паметам цел живот :-)
Вие знаете како, сум го кажала тоа многу пати :-)
Дружбата продолжува со задоволство!
Ве поздравувам :-)
Naviknav kaj tebe da gledam bogati i sodrzajni torti kako sto e ovaa.
A i se ostanato e super so ni spodeluvas. Vistinska delicija se.
Ti posakuvam zdravje , da bides sto podolgo tuka so uste mnogu jubilei.
Мило ми е што ти се допаѓаат моите рецепти :-)
Исто ти посакувам и на тебе, живи и здрави и само убави моменти <3
Ти посакувам се' најдобро и дружбата продолжува :-)