Брзи печени тулумби (без пециво)
Водата и маслото ги ставаме на оган да вријат.
Кога се зовриени ги тргнуваме од плочата.
Ги додаваме брашното и нишестето.
Мешаме убаво на страна и откако ја изедначуваме смесата, пак ја враќаме на оган и пржиме малку.
Потоа смесата ја вадиме од оганот и додаваме јајца.
Мешаме или со миксер или со рака.
Смесата е изедначена и ја ставаме во калапче за тулумби.
Можете да ја ставите и во готварски шприц и да испаднат мали тулумбички.
Редиме во плех, но не подмачкан.
Печеме веднаш на температура од 200 степени, се додека не добијат румена боја.
Оставаме да изладат.
Кога се ладни ги полеваме со шербет.
Него го подготвуваме на стандарден начин.
Ги ставаме на оган шечерот и водата и вријат ооколу 5 минути , убаво да зоврие.
Го тргаме од оганот шербетот, почекуваме 2-3 минутки, па потоа ги преливаме тулумбите. Шербетот жежок, тулумбите ладни.
Оставаме да впие шербетот во тулумбите.
Потоа јадете колку ви носи душата...
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови