Брз десерт во чаша со јагоди
Брз, лесен, вкусен, декоративен десерт....
Лапни-голтни... ))))
Најпрво си ги миеме и чистиме јагодите. Ги оставаме на памучна крпа да се исушат.
Го вариме гризот на стандарден начин, штом зоврие млекото со шеќерот и ванилата, го додаваме гризот растворен во малку млекце. Го намалуваме оганот и со постојано мешање вариме до потребната густина.
Веднаш го излеваме во претходно подготвени чаши.(Оваа доза е за 4 чаши.)
Стандардно го вариме и пудингот.
Над гризот ставаме исецкани свежи јагоди, па полеваме со жешкиот пудинг.
Декорираме по желба.
Оставаме да се излади и послужуваме.
Или кој милува можи да си ужива и додека е топол, како на пример - јас....))))
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
ova tvoevo, preuvavo izgleda :)
Lesno i vkusno - sekogas za!