Изматете ја слатката павлака и поделете ја на 2 дела.
Во едниот дел додајте ги изблендираните јагоди и банана, а во другиот дел грубо искршените бисквити.

Во округли мали калапчиња(или калап по ваша желба) ставете од слатката павлака со јагоди и банана, потоа од слатката павлака со бисквити и пак еден помал слој од делот со јагоди.

Ставете во замрзнувач да отстои неколку часа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани