Преубав летен десерт.
Поздрав до мојата пријателка која ми го даде овој убав рецепт.
Ова е еден од најбараните летни десерти во нејзиниот ресторан.
Можете да користите блендер или апарат за коктели.
Ставете ги добро изладените смокви и неколку коцки мраз.
Изблендирајте убаво.
Разделете во чашки за сервирање.
Додајте виски или коњак а потоа прелејте ги чашите со добро изблендирана диња со мраз.
За завршеток нанесете по едно топче сладолед од ванила.
На здравје

Забелешка
Ако подготвувате за деца,избегнете го само алхохолот.
Се останато може да биде исто.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови