Прекрасен леден десерт. Сладолед,кој ќе ве освежи во секое време.

Еве ја подготовката

Ставете ја водата во длабок сад. Додавајте шеќер во водата додека не се растопи. Авокадото исчистете го и ставете го апаратот за коктели. Ако немате апаратче ќе послужи и блендерот. Ако го миксате во апаратот за коктели, тогаш додадете малку од водата во која растопивте шеќер, додадете сок од лиметата и добро исчистеното нане. Вклучете го апаратот. Ќе добиете убава смеса која ќе ја вратите назад во останатата вода. Промешајте добро, ќе добиете средно густа смеса. Калапите во кои ќе полните да бидат спремни. Полнете ја смесата и затворете добро. Веднаш пренесете во ладилник и нека отстои 3 часа. Полека лефтерно повлечете ги капачињата на калапите и уживајте во прекрасниот вкус на сладоледотод авокадо.

Пробајте и известете ме за вкусот. На здравје