Леден десерт со јагоди и дигестивни бисквити
Состојки
- 350мл. слатка павлака
- 300гр. јагоди
- 1 банана
- 60гр. дигестивни бисквити со парчиња чоколадо
Подготовка
Изматете ја слатката павлака и поделете ја на 2 дела.
Во едниот дел додајте ги изблендираните јагоди и банана, а во другиот дел грубо искршените бисквити.
Во округли мали калапчиња(или калап по ваша желба) ставете од слатката павлака со јагоди и банана, потоа од слатката павлака со бисквити и пак еден помал слој од делот со јагоди.
Ставете во замрзнувач да отстои неколку часа.