Летен десерт (вафли со сладолед и јагоди )
Во сад ги матиме прво јајцата. Кога ќе се направи густа смесата се додава шеќерот и се продолжува матењето.
Додаваме млеко, растопен маргарин, а потоа сувите состојки, брашно, ванила и пециво.
Апаратот за вафли го уклучуваме да се загрее, па со четкичка го поминуваме со растопен путер или масло.
Полеваме со смесата и ги печеме вафлите.
Од оваа смеса излегуваат 12 вафли со големина колку моиве. Работев во апаратот за вафли на Делимано.
Значи шест пати по две вафли.
Печените вафли ги оставаме малку да изладат а потоа ги сервираме како десерт со сладолед и јагоди.
Во средината ставаме две топки сладолед, а од страната редиме јадоги.
Наросуваме со шеќер во прав. Декорирајте по ваша желба.
Морам да кажам дека комбинацијата на вафли, јагода и сладолед е совршена.
Ви препорачувам да пробате.
Нека ви е слатко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Децата повеќе го користат од мене.
Убава работа е,има вкусни десерти со нив.