Подготовка
Чашата е од 200 мл.
Готовите кори на Винчини кои одговараат на модла бр.26
Овошен пласт
- Припремете го желатинот според упатството на пакетчето.
- Овошјето кое и да сте го избрале (кај мене е конзервиран компот од мандарини) може да биде замрзнато или свежо овошјето - ставете го во сад, залијте со водата и нека се вари - но не како за слатко. Засладете го на вкус, додадете и ванилата. Тргнете од огнот - испасирајте и со пасаторот и во нив ставете го веќе готовиот желатин, разбркајте да се стопи. Земете два длабоки рамни садови, постелете со прозирна фолија (свежа фолија), поделете ја добиената смеса еднакво во двата сада и оставете да се желира. Оваа постапка ја правам одвечер за да знам дека сигурно се добро желирало или пак треба најпрво да се спремаат овошните пласотви, па откако ќе биде желирано, тогаш се продолжува со останатата постапка.
Фил
- Накиснете го желатинот со ладната вода, односно припремете го спрема упатството .
- Разбркајте го крем сирењето со шеќерот во прав и ванилата, Додададете ја киселата павлака- разбркајте.
- Одделно изматете ја слатката павлака.
- На пареа стопете го желатинот, потоа внимателно додавајте кај слатката павлака, со најниската брзина од миксерот разбркајте. Потоа во неа додадете ги сработените крем сирење и киселата павлака и со шпатула бркајте преобркајки го од една страна на друга филот (ова заради кремастата структура на филот) а можете и со најниската брзина од миксерот да ги споите сосотојките во една убава хомогена смеса. Поделете го филот на четири еднакви дела
Формирање
- Во модлата постелена со хартија за печење, а покрај ѕидот од модлата ставете ацетатна хартија - ставете ја првата кора, 1/4 од филот - овошниот пласт, втортата 1/4 од филот, кора... и понатаму исто.
Декорирајте по ваша желба.
Нека одлежи 5-6 часа во фрижидер - за нестрпливите може да се стави во фрижидерот за длабоко забрзнување и за пократко време е готова за сечење.
Напомена
- Како што кажав, овошјето по ваш избор. Јас спремив во модла од 22 см, Нема да е грешка ако овошните пластови бидат подебели - напротив, уште повеке освежителна ке е. Овошната смеса ја поделив во два длабоки тањира кои беа со прави зидови - не заоблени.
- Наместо крем сирење - ако имате по дома маскарпоне или рикота - заменете го, исто е добро.
- Бидејки користев кори од правоаголните - со модлата ги исеков круговите од кората, а остатокот со ронив и трошките ги искористив како декорација кобајаги да ми послужат, а од остатокот си спремив малку на број - но многу вкусни бомбички