Видео рецепт: Полнети пити со летен фил од готови кори
Овие едноставни, летни пити за пикник се навистина популарни низ целиот свет, и затоа што сите сакаат пита, но и бидејќи се многу лесни за подготовка, а имате и можност да го менувате филот! Со овој рецепт ќе подготвите 7 – 8 пити.
Состојки
- ¼ пакување (130 грама) кори
- Една рака свеж грашок
- ½ тиквичка
- 6 супени лажици рикота сирење или урда
- Една рака свежо нане
- 50 грама путер
Ќе ви треба и:
- Сол, бибер и маслиново масло
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Тава за пржење и Сет тави за пица.
Подготовка
Чекор 1: Време е за сечкање – тиквичката исечкајте ја на коцки. Исечкајте го и свежото нане. Коцките тиквичка и грашокот ставете ги да се пропржат во маслиново масло. Додадете сол и бибер. Доколку сакате, убаво би било да додадете и малку ситно сечкан лук.
Чекор 2: Откако се убаво ќе омекне, додадете го нането и рикота сирењето и убаво промешајте.
Чекор 3: За да ги подготвите корите исечете ги на 4 големи квадрати и ставете ги помеѓу мокри крпи додека го подготвувате филот за да не се исушат.
Чекор 4: Земете две парчиња кори и едното премачкајте го со путер. Одозгора ставете го второто парче и врз него ставете малку од филот. Краевите намачкајте ги со путер и потоа подигнете ги нагоре и спојте ги врвовите со рацете. На врвот додадете уште малку путер.
Чекор 5: Печете 20 минути на 160 степени додека питите не поруменат и подготвени сте да ги послужите!
СОВЕТ: Овие едноставни пити се идеални за брз ручек, но можете да ги подготвите и претходната ноќ и да ги понесете со вас на излет – уживајте во комбинација со кисели краставички и чаша бело вино, под дебела сенка од дрво во топлите летни денови.