Испечати

Брз десерт во чаша со јагоди

Брз десерт во чаша со јагоди

Состојки

  • За крем од гриз
  • 1/2 л. млеко
  • 1/2 шоља (за млеко) шеќер
  • 1 ванила
  • 7 лажици гриз
  • За пудинг
  • 1/2л. млеко
  • 4 лажици шеќер
  • 1 пудинг од ванила
  • За овој десерт уште ни е потребно
  • по потреба околу 300-400гр. јагоди

Подготовка

Брз, лесен, вкусен, декоративен десерт....
Лапни-голтни... ))))
Најпрво си ги миеме и чистиме јагодите. Ги оставаме на памучна крпа да се исушат.

Го вариме гризот на стандарден начин, штом зоврие млекото со шеќерот и ванилата, го додаваме гризот растворен во малку млекце. Го намалуваме оганот и со постојано мешање вариме до потребната густина.

Веднаш го излеваме во претходно подготвени чаши.(Оваа доза е за 4 чаши.)

Стандардно го вариме и пудингот.

Над гризот ставаме исецкани свежи јагоди, па полеваме со жешкиот пудинг.
Декорираме по желба.
Оставаме да се излади и послужуваме.
Или кој милува можи да си ужива и додека е топол, како на пример - јас....))))

На здравје!