Десерт појадок со јагоди и банани
Најубавите утра за мене се оние во викенд, кога добро ќе се одморам и наспијам, па денот ми почнува во добро расположение. Тогаш најмногу сакам да го стартувам со добра книга и убав, богат појадок. Понекогаш е тоа малку покалорично, но во последно време станав љубител на овесните каши, зашто сакам да уживам во добри десерти, но да не претерувам со торти, чоколади и други слатки.
Овој појадок-десерт е нешто што верувам на сите ќе ви се допадне, зашто кога ќе дојде време за слатко задоволство може тоа да биде нешто здраво и вкусно, и да не ви остава грижа на совест.
Подготовка
1. Зошто го обожавам Нутри Булетот - ставаш се внатре, и за миг добиваш мазен и вкусен резултат - но сите вкусови и хранливи вредности се задржани.
2. Јас ги блендирам прво јогуртите, медот и чиата, а потоа ги додавам останатите состојки, додека да се изедначи се. Потоа си ставам во омилената чаша или шолја, па уживаме во богатството на вкусовите. Добар апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови