Прва кора.
Изматете ги јајцата со шеќерот во густа смеса. Додајте го брашното во кое предходно сте ги помешале прашокот за печиво и какаото. Убаво измешајте и истурете во намрсена тава.
Втора кора.
Изматете цврст снег од белките со шеќерот. Во снегот матејќи на помала брзина полека додавајте го кокосовото брашно. Второто тесто истурете го врз првото, убаво распоредете и ставете го во рерна загреана на 180 степени па печете 10-15 минути.
Крем
Изматете ги жолчките и шеќерот во прав. Сварете го пудингот и пред да го тргнете од ринглата додајте ги жолчките. Убаво измешајте и оставете да се излади. Маргаринот изматете го пенесто со малку шеќер во прав па убаво изматете со оладениот крем од пудинг.
Изладената кора премачкајте ја со кремот.
Глазура
На ниска температура или во сад над пареа, истопете го чоколадото и маргаринот. Полијте го колачот и наросете со кокосово брашно. Оставете убаво да се олади.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани