Денес ќе готвиме заедно со Невена, готвач член на нашата веб-страница. Невена ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Трилече торта.

Трилече тортата е популарен десерт, кој се подготвува со 3 вида на млеко, или млечни производи. Одозгора го преливме со млечен карамел, кој му дава сладок вкус и прекрасна арома!

Подготовка

Чекор 1: Најпрво одвојте ги белките и жолчките од јајцата. Белките изматете ги со шеќерот цврсто како шлаг, па додавајте ги жолчките една по една и продолжете со матењето да се соедини смесата. Потоа додадете го брашното заедно со прашокот за печиво и измешајте.

Чекор 2: Премачкајте ја со малку путер малата Ростер тава, па истурете ја смесата во неа. Печете во загреана рерна на 200 степени првите 10 минути, потоа намалете ја температурата на 180 и печете уште 20 минути.

Оставете го тестото да олади за да биде млако.

Чекор 3: Во меѓувреме измешајте ги сите видови на млеко.

Млакото тесто превртете го на крпа и во тавата истурете половина од измешаното млеко. Во него ставете го тестото како што е превртено и над него прелијте го остатокот од млекото.

Оставете го да впие од млекото околу 2 часа. Потоа исечете го на коцки со пластична алатка, покријте го со фолија, и ставете го во фрижидер неколку часа добро да се разлади.

Чекор 4: За подготовка на карамелот, измешајте ги шеќерот и водата, и ставете ги на средна ниска температура додека се растопи шеќерот. Повремено протресувајте го садот, или промешајте.

Потоа, зголемете ја температурата на средна висока и оставете да врие додека добие светло кафена боја.

Чекор 5: Намалете ја температурата на ниска, па полека додајте ја слатката павлака со постојано мешање. Притоа се создава многу пена, внимавајте да не се изгорите. Мешајте додека се изедначат состојките и тргнете го од оган.

Додајте ги путерот, солта, ванилата и мешајте додека се стопи путерот. Оставете го да се излади.

Чекор 6: Сервирајте парче торта и прелијте го со една црпалка од карамелот. Потоа, уживајте!

СОВЕТ: Доколку најдете готов карамел, може да употребите и таков. Но, ние сепак ви препорачуваме да се обидете самите да го направите, затоа што го надополнува рецептот со одличен вкус!