Посебно се бијат белките со шеќерот, а потоа полека се додават жолчките една по една и се продолжува со биење. Се додаваат на крај брашното и пецивото и тестото се турва во тркалезен калап обложен со хартија бр.24.
Се печи на 170 степени, околу 30 мин.
Потоа се вади хартијата и во калапот турваме половина од преливот и го ставаме кексот и над него ја тураме уште едната половина од преливот.

Подготовка на преливот
Млекото во прав се раствора со обичното млеко, за да нема грутчина. Го додаваме цело млеко и слатката павлака и вариме на тивок оган.
Кога веке ќе почни да се згустува го тргаме настрана за малку да се излади.
Значи кексот млак, преливот млак и се потурва кексот и потоа кексот го натураме со претходно стопените карамели со малку млеко.
Кексот е многу убав убав, сочен, а ренданото бело чоколадо беше по желба на син ми, не мора и да го рендате.
За убаво кексот да го впие преливот и да биде сочен, правете го во калап на кој му се вади обрачот, за цело време да има прелив, бидејки преливот е малку течен и во ваков калап не можи да истечи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови