Видео рецепт: Ќофтиња со сино сирење
Фичо ќе подготви месни ќофтиња со полнење од сино сирење. Надополнети со сос од печурки и пржени нудли.
Подготовка
Чекор 1: Замесете го свинското месо со телешкото, додадете ја сланината, јајцето, лукот и сосот. Зачинете со сол и бибер по вкус.
Формирајте мали ќофтиња и во средината на секое ќофте додадете коцка сино сирење. Пржете ги ќофтињата во тава со масло.
Откако ќе заруменат, ставете ги во тава за печење. Испржете сланина на коцки, прелијте ги и ставете ги во рерна на 200 степени, да се допечат уште 15 минути.
Чекор 2: Шампињоните исечкајте ги на четвртинки и во тавата пржете ги на масло.
Кога ќе заруменат додадете им путер, 2 лажици брашно и млекото, па крчкајте додека да ја добиете саканата густина за сосот.
Чекор 3: Во тава ставете масло за се загрее. Додадете ги оризовите нудли да се пропржат многу кратко.
Чекор 4: Сервирајте ги ќофтињата прелиени со малку сос, печурки и пржени нудли.
СОВЕТ: Доколку можеби не сте љубител на сино сирење, полнењето може да го замените со тврдо, биено сирење.