Испечати

Видео рецепт: Ќофтиња со сино сирење

Видео рецепт: Ќофтиња со сино сирење

Состојки

  • За ЌОФТИЊАТА ќе ви треба:
  • 400 гр. мелено телешко месо
  • 200 гр. мелено свинско месо
  • 200 гр. сланина на коцки
  • 1 јајце
  • 1 чешне лук
  • сол и бибер
  • Ворчестер сос
  • За СОСОТ ќе ви треба:
  • малку шампињони
  • 3 лажици путер за пржење
  • 2 лажици брашно
  • по потреба млеко
  • мешан сув зачин
  • Ќе ви треба и:
  • сино сирење
  • оризови резанци (нудли)

Фичо ќе подготви месни ќофтиња со полнење од сино сирење. Надополнети со сос од печурки и пржени нудли.

Подготовка

Чекор 1: Замесете го свинското месо со телешкото, додадете ја сланината, јајцето, лукот и сосот. Зачинете со сол и бибер по вкус.

Формирајте мали ќофтиња и во средината на секое ќофте додадете коцка сино сирење. Пржете ги ќофтињата во тава со масло.

Откако ќе заруменат, ставете ги во тава за печење. Испржете сланина на коцки, прелијте ги и ставете ги во рерна на 200 степени, да се допечат уште 15 минути.

Чекор 2: Шампињоните исечкајте ги на четвртинки и во тавата пржете ги на масло.

Кога ќе заруменат додадете им путер, 2 лажици брашно и млекото, па крчкајте додека да ја добиете саканата густина за сосот.

Чекор 3: Во тава ставете масло за се загрее. Додадете ги оризовите нудли да се пропржат многу кратко.

Чекор 4: Сервирајте ги ќофтињата прелиени со малку сос, печурки и пржени нудли.

СОВЕТ: Доколку можеби не сте љубител на сино сирење, полнењето може да го замените со тврдо, биено сирење.