Превкусни...Однадвор крцкави, внатре меки, а вкусот е неверојатен! Ги подготвувам многу често.

Подготовка

1. Компирите, измијте ги убаво, ставете ги да се варат со лушпа. Кога ќе се сварат, изрендајте ги во длабок сад.
2. Во истиот сад, додадете го изренданото плаво сирење
3. Додадете ги јајцата, павлаката, лукот и ориганото. Промешајте убаво
4. Од оваа смеса направете ќофтиња со неправилна форма. Извалкајте ги во брашно
5. Во намрсена и набрашнета тава наредете ги. Одозгора, на секое ќофте, ставете по малку свинска маст и црн пипер и црвен пипер.
6. Печете на 200 степени, околу 15 минути.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани