Шведски ќофтиња - ќофтиња со месо и компир
Шведски ќофтиња или ќофтиња што се служат во рестораните на Икеа. Името и не е толку важно, важно е дека се вкусни и вреди да се пробаат.
Прво ги вариме компирите во солена вода. Се лупат, се ладат и се рендаат. Кромидот ситно се сецка и се запржува. Оладен се додава кон компирите.
Млекото и презлата се мешаат заедно и се додават и тие кон смесата. Се додава и месото, јајцето и зачините. Се заедно се меша.
Се прават ќофтиња со дијаметар од 5 сантиметри и се оставаат да одстојат во фрижидер половина час. Се пржат на тивко.
За сосот, павлаката за готвење со соја сосот се ставаат на тивок оган и постојано се меша. Кога ќе зоврие се трга на страна.
Пред служење се полеваат ќофтињата со сосот. Како додаток со ќофтињата најдобри се варени млади компири.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови