Шведски ќофтиња - ќофтиња со месо и компир
Состојки
- Состојки
- 500 гр мелено месо
- 2 компири, сварени и оладени
- 1 јајце
- 200 мл млеко
- 3 лажици лебни трошки-презла
- 1/2 главица кромид или 2 млади кромидчиња
- Од зачини сол,црн и црвен пипер
- Сос
- 250 мл павлака за готвење
- 3 лажици соја сос
Подготовка
Шведски ќофтиња или ќофтиња што се служат во рестораните на Икеа. Името и не е толку важно, важно е дека се вкусни и вреди да се пробаат.
Прво ги вариме компирите во солена вода. Се лупат, се ладат и се рендаат. Кромидот ситно се сецка и се запржува. Оладен се додава кон компирите.
Млекото и презлата се мешаат заедно и се додават и тие кон смесата. Се додава и месото, јајцето и зачините. Се заедно се меша.
Се прават ќофтиња со дијаметар од 5 сантиметри и се оставаат да одстојат во фрижидер половина час. Се пржат на тивко.
За сосот, павлаката за готвење со соја сосот се ставаат на тивок оган и постојано се меша. Кога ќе зоврие се трга на страна.
Пред служење се полеваат ќофтињата со сосот. Како додаток со ќофтињата најдобри се варени млади компири.
На здравје.