Солунски ќофтиња - печени ќофтиња со компир и сирење
Состојки
- 500 гр компир
- 100 гр плаво сирење
- 2 јајца
- 2 лажици кисела павлака
- свинска маст по потреба
- брашно по потреба
- 1 кафена лажица лук во прав
- 1 кафена лажица оригано
- црн пипер по потреба
- црвен пипер по потреба
Подготовка
Превкусни...Однадвор крцкави, внатре меки, а вкусот е неверојатен! Ги подготвувам многу често.
Подготовка
1. Компирите, измијте ги убаво, ставете ги да се варат со лушпа. Кога ќе се сварат, изрендајте ги во длабок сад.
2. Во истиот сад, додадете го изренданото плаво сирење
3. Додадете ги јајцата, павлаката, лукот и ориганото. Промешајте убаво
4. Од оваа смеса направете ќофтиња со неправилна форма. Извалкајте ги во брашно
5. Во намрсена и набрашнета тава наредете ги. Одозгора, на секое ќофте, ставете по малку свинска маст и црн пипер и црвен пипер.
6. Печете на 200 степени, околу 15 минути.
Добар апетит!