
25
апр
2013
Ќофтиња од тиквичка и сирење
Тиквичката изрендајте ја додадете сол и оставете ја околу 30 минути да ја пушти водата. Потоа убаво исцедете ја и ставете ја во сад. Додадете го сирењето, кашкавалот, јајцето, малку бибер, презлата и измешајте. Треба да се добие густа смеса за да може да се обликуваат ќофтињата, затоа ако е потребно додајте уште презла, но да не биде премногу цвста.
Со влажни раце направете ги ќофтињата и извалкајте ги во брашно. Пржете ги во поголема количина масло на среден оган додека да добијат убава боја и извадете ги на салфетка да го впие вишокот на масло.
Послужете ги топли со салата, варени јајца, јогурт и сл.
Лиценца: Сите права се задржани
Тиквичката беше мала, па повеќе сирење ставив и можеби малку повеќе презла зошто од око ставав :))) брзо се загреа зејтинот, па малку позаруменети се од што сакав, но секако се вкусни :)